Training course in Ponikva: “AVE! AVE! Active volunteers for Europe”

The training course called “AVE! AVE! Active volunteers for Europe” took place in Ponikva, Macedonia, from April 1st to April 7th 2012. There were representatives from the following countries: Macedonia, Kosovo, Serbia, Lithuania, Germany, Armenia, Georgia, the United Kingdom, the Czech Republic, Russia, Turkey and Romania. From PEL from Macedonia there were three participants: Stefan Stepanovski, Nikola Shteriov and Aleksandar Cvetkovski.

This training course was about volunteerism in a wider sense (local, national and international volunteerism; individual and NGO-based volunteerism etc.), and notably about EVS (the European Voluntary Service). We started with the usual ice breaking games, and after these (and a lively intercultural evening) the workshops on the subject of volunteerism took place.

Apart from the educational ones, where the trainers informed the participants of the different volunteering opportunities (including EVS), there were also interactive workshops, during which the participants themselves were exploring the subject. In one of these workshops, we were divided into four groups which were given the task to present four different types of volunteering with their advantages and disadvantages.

There was also a workshop during which we were put into groups again, and each group had the task to plan an EVS stay from a financial point of view. We were given information about the financial aspects of EVS, such as: what are the things that are paid for by the budget of the European Commission, how much of that money is allocated to the different parts of the stay etc. With all this information in mind, we had to write a flipchart about an EVS stay of one single volunteer, and then present it in front of the other participants.

We also did a forum theater – that is, we were given the task to play an EVS stay of a single volunteer. The different groups were very creative and demonstrated their artistic abilities. Using their imagination, they presented the adventures of an EVS volunteer through theatre plays, opera and ballet performances on the improvised stage inside the conference room of the police hotel in Ponikva. Another thing that was artistic and creative was the project of the video group, which took them days to elaborate and included many of the participants as actors in the movie. In fact, this movie was a series of videos in which the participants took the role of residents of many different countries, which didn’t know anything about EVS and active volunteering at first, but found out about it later on and finally went to do EVS. The trainers were also creative, especially with the “Who wants to be a Millionaire?” quiz on the subject of EVS, which was solved by groups of participants.

The Ponikva hotel is a really nice place to work in, because it is isolated from city life. However, this doesn’t mean that we were separated from the rest of the world – quite the contrary. We took the foreign participants on walks around Skopje twice (just before the project’s beginning and right after its end) and around Shtip once (which was also envisaged in the project’s agenda). By the end of this project, we had done an excellent job and made lots of friends.

___________________________________________________________________________________

Обука во Пониква: „АВЕ! АВЕ! Активни волонтери за Европа“ (01-07 април 2012)

Обуката „ АВЕ! АВЕ! Активни волонтери за Европа“ (“AVE! AVE! Active volunteers for Europe”) се оджа на Пониква, Македонија (близу до Кочани) од први до седми април 2012. На оваа обука имаше учесници од следните држави: Македонија, Косово, Србија, Литванија, Германија, Ерменија, Грузија, Велика Британија, Чешка, Русија, Турција и Романија. Од Македонија и од НЕЛ бевме тројца учесници во проектот: Стефан Степановски, Никола Штериов и Александар Цветковски.

Оваа обука го разработуваше прашањето за волонтерството во поширока смисла на зборот (волонтерство на локално, национално и европско ниво; преку невладини организации и самостојно итн.), со акцент на ЕВС (Европски Волонтерски Сервис). Секако прво следеа игрите за запознавање на учесниците, а по нив (и по живописната интеркултурна вечер) започнавме со работилниците, кои ја следеа тематиката на обуката.

Покрај оние едукативните, каде тренерите ги информираа учесниците за различните можности на волонтерската работа (меѓу кои и ЕВС), имаше и интерактивни работилници каде што учесниците самостојно ја разработуваа тематиката на обуката. Во една таква работилница, бевме поделени во четири групи кои требаше да презентираат четири различни видови на волонтерска работа, со позитивни и негативни страни на истите.

Потоа, имаше работилница каде повторно бевме поделени во групи и секоја група имаше за задача да испланира ЕВС престој од финансиска гледна точка. Ни беа дадени информации за финансискиот аспект на ЕВС, од типот: кои нешта се платени од буџетот на Европската Комисија, колкав дел од буџетот е наменет за секој детаљ итн. Од овие податоци требаше да составиме хамер кој претставува ЕВС престој за еден волонтер и да го презентираме пред другите учесници.

Одржавме и форум театар – односно имавме за задача групно да одглумиме ЕВС престој на еден волонтер. Различните групи беа доста креативни и ги покажаа своите уметнички афинитети. Со својата имагинација ги претставија авантурите на ЕВС доброволецот преку драмски, но и оперски и балетски изведби на импровизираната сцена во салата за седници во одморалиштето на МВР на Пониква. Исто така уметнички креативен беше и проектот на видео групата, кој го осмислуваа и реализираа со денови, и вклучија добар дел од учесниците како глумци во нивниот филм. Всушност, станува збор за повеќе видео клипови, во кои учесниците глумеа државјани на разни држави кои најпрво не знаеа ништо за ЕВС и не беа волонтерски активни, но потоа во текот на филмот некој ги информира и тие заминуваат на ЕВС престој. Креативност покажаа и тренерите, особено со „Кој сака да стане милионер?“ квизот на тема ЕВС, кој ние учесниците го решававме, повторно поделени по групи.

Одмаралиштето во Пониква се покажа како добро место за работа, бидејќи е изолирано од градскиот живот. Но тоа не значи дека бевме одделени од целиот свет – напротив, учесниците од други држави ги прошетавме два пати во Скопје (пред да почне проектот и откако истиот заврши) и еднаш во Штип (како што беше и предвидено во програмата), со што стекнавме доста пријатели и завршивме одлична работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *