Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје објавува повик за 3 учесника за состанок на тема “MULTICULTURALITY”.
Состанокот ќе се одржи во Детмолд, Германија на 3 февруари 2023 година во рамките на програмата Еразмус+ на Европската Комисија.
Учесниците сами го организираат патот, храната и сместувањето и за истото буџетот изнесува 575 евра по учесник. Парите на учесниците ќе им бидат рефундирани по завршувањето на состанокот и приложување на целосната документација на сметка.
Услов за учество е пријавените да имаат над 18 години, да се мотивирани и подготвени да учествуваат на работилницата и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.
Во продолжение прочитајте повеќе детали за проектот, а доколку сте заинтересирани да учествувате на состанокот, испратете пополнет апликационен формулар или прашање на contact@pel.mk со назнака (subject) “MULTICULTURALITY” најдоцна до 10-ти јануари. Апликациите кои не се во сочувани во оргиналната форма (word – .doc) нема да бидат прифатени.
About the project
The general objective is to foster networking between European non-profit organizations, educators, and operators to develop strategies and actions aimed at promoting the integration of foreign adults through art and culture.
Specific objectives:
– increase the skills and tools available to educators and social workers;
-create a framework of guidelines and common tools between associations and non-profit organizations