По успешната прва обука, Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје, објавува отворен повик за учество на втората обука за младински работници која се одржува рамките на проектот “African and European Women in Action – AEWiA” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија и предводен од организацијата SOS Europa од Италија.
Обуката ќе се одржи онлајн на 19 декември.
Низата обуки се отворени за младински работници, едукатори, фасилитатори и други професионалци кои работат со млади и кои сакаат да ги унапредат своите вештини и да придонесат кон креирање иновативни решенија за млади.
За време на обуката ќе имате можност да соработувате со младински работници од Италија, Македонија, Малта, Кенија и Нигерија.
Доколку сте заинтересирани за учество на втората обука, можете да се пријавите на следниов линк најдоцна до 18ти декември.