ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ ЗА СОСТАНОК ВО ИТАЛИЈА

Асоцијација за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје објавува повик за  8 учесника од Северна Македонија за состанок на тема “IT’S ALL ABOUT US”.

Состанокот ќе се одржи во Рим, Италија од 12-14 ноември 2021 година во рамките на програмата Еразмус+ на Европската Комисија.

Учесниците сами го организираат патот, храната и сместувањето и за истото буџетот изнесува 575 евра по учесник. Парите на учесниците ќе им бидат рефундирани по завршувањето на состанокот на сметка.

Услов за учество е пријавените да имаат над 18 години, да се мотивирани и подготвени да учествуваат на работилницата и да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.

ВАЖНО: Согласно правилата за влез во Италија, за учество на овој состанок задолжителен е PCR тест не постар од 72 часа и потврда за целосна вакцинација со некоја од следниве вакцини: Pfizer-BioNtec, Moderna, AstraZeneca или Johnson & Johnson.

Во продолжение прочитајте повеќе детали за проектот, а доколку сте заинтересирани да учествувате на состанокот, испратете пополнет апликационен формулар или прашање на contact@pel.mk со назнака (subject) “IT’S ALL ABOUT US” најдоцна до 5-ти ноември. Апликациите кои не се во сочувани во оргиналната форма (word – .doc) нема да бидат прифатени.

АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР

About the project

“IT’S ALL ABOUT US” project encourages social inclusion and equal opportunities in sport for trans people.

Objectives:

  • Raising awareness on the dynamics of oppression and discrimination of trans.
  • Provide tools to the staff of sports associations to foster a more inclusive environment that is supportive and welcoming to trans people
  • Promote good sports practices as educational and equality promotion moments.