Во рамките на проектот “Активни демократски промени во општеството на ЕУ“, подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија, Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање од Скопје подготви прашалник за Европската Унија.
Општата цел на проектот е зајакнување на европското граѓанство и подобрување на граѓанското учество. Проектот ќе иницира охрабрување на демократско учество, граѓанско разбирање на политиката на ЕУ и социјално-меѓународно вклучување.
Специфични цели:
– да се покажат придобивките од ЕУ за обичните граѓани (економија, услуги, образование, благосостојба)
– истражување за феноменот еуроскептицизам и дебата за потеклото, причините, видовите и ефектот на истото
– да се изнајдат начини за поголемо учество во демократијата во Европа (на локално ниво во ЕУ)
– да се поттикне интеркултурниот дијалог за како граѓаните од различни земји од ЕУ да го разберат и учествуваат во демократскиот живот
– размена на мислења за иднината на ЕУ од различни групи (еуроскептични, фанови на ЕУ, индиферентни, непрезентирани).
– да се дадат предлози на граѓанско ниво за поголема демократија во ЕУ.
Акцијата ја спроведуваат 4 невладини организации од 3 земји членки на ЕУ (Шпанија, Естонија и Обединетото Кралство), и 1 од партнерскиот регион (Македонија).
Во текот на 12 месеци проектите настани ќе вклучат 200 учесници и многу локални активности кои ќе придонесат до надминување на “дефицитот на знаење” и да се добие подобро разбирање за ЕУ како неопходната основа за граѓанско поактивно вклучување во креирањето на иднината на Европа.
Прашалникот е анонимен и цели кон истражување на граѓанската перцепцијата на поимот Европска Унија и граѓанската улога во демократскиот живот во Европа.
Ви благодариме за соработката,
Асоцијација НЕЛ
ПРАШАЛНИК