Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, искуства и пријателства, тогаш не пропуштајте ја можностa да волонтирате дванаесет (12) месеци во Германија.
Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје има потреба од волонтери, кои во рамките на European Solidarity Corps (ESC) на програмата Еразмус+ на Европската Комисија ќе поминат 12 месеци во Лајпциг, Германија.
Волонтирањето ќе започне во септември 2020. Волонтерите ќе имаат различни едукативни, социјални и креативни задолженија.
Трошоците за сместување, храна, повратна карта до Лајпциг, локален превоз, здравствено осигурување, како и џепарлак за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите. Покрај ова, ќе имате можност за бесплатен јазичен курс по германски јазик, а на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство на европско ниво.
Услов за учество на ESC проектот е да имате наполнето 18 години и да имате желба и мотивација да работите со деца и младинци. Познавањето на германскиот јазик, ниво А2/В1 е задолжително.
На следниов линк прочитајте повеќе информации за отворените ESC проекти, и доколку имате дополнителни прашања, испратете мејл на evs@pel.mk со назнака „ESC во Лајпциг“. Доколку сте заинтересирани за волонтирањето пополнете го апликациониот формулар што ќе го најдете на линкот погоре најдоцна до датумот назначен за секој проект.