Асоцијација НЕЛ објавува отворен повик за учесници од Македонија за учество на меѓународен краток видео проект за активно граѓанство со свој краток клип (видео) во проектот “Хомоеуропеанус“, кој е подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија. Повикот нема старосно ограничување.
Видеото треба да е оргинално, креативно, не подолго од 3 минути и истото може да биде снимено на македонски или англиски јазик или воопшто да нема зборување. Видеото може да биде анимација.
Видео клипот треба да ги адресира некои од следниве цели:
- зголемување на мотивацијата на граѓаните/младите за активно да учествуваат во градењето на иднината на Европа,
- да го изразува младинското или граѓанското мислење за ЕУ во врска со приоритетите на ЕУ поврзани со развојот на Европа,
- да ги охрабрува граѓаните да развијат иновативен инструмент за демократија,
- да ја изразува поврзаноста на граѓаните со Европа.
На повикот учествуваат млади од Словачка, Хрватска, Италија, Бугарија, Летонија, Србија, Црна Гора, Словенија, Шпанија и Македонија во национални повици.
Рокот за аплицирање со сопствено кратко видео е до 7-ми октомври, а истото може да ни го испратите (share) на contact@pel.mk со наслов Краток клип за Хомоеуропеанус.
Најдобрите 3 кратки видеа ке бидат наградени со учество на меѓународна обука, младинска размена или конференција во Македонија/Европа.
Заинтересираните кои не се во можност да снимаат сами а имаат идеја, може да се пријават најдоцна до 7-ми октомври на contact@pel.mk со наслов Волонтер за Хомоеуропеанус и заедно со нашите волонтери ке направат/снимаат видео клипови.