Асоцијација за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ – Скопје објавува повик за учесници на локални работилници на тема родова еднаквост што ќе се одржат на 29-ти јули, 11-ти и 12-ти август година од 18 часот во централното градско подрачје.
Работилниците се дел од проектот “CTL – Empowering Women” финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Комисија.
За време на работилницата ќе имате можност да дознаете повеќе за самиот проект, за родовата еднаквост и предизвиците поврзани со неа во лидерството. Исто така ќе можете да дознаете повеќе и за Еразмус+ програмата и начинот на кој можете да учествувате во истата.
Доколку сакате да учествувате на некоја од овие работилници пополнете го формуларот најдоцна до 28-ти јули (за првата работилница), односно до 10-ти август (за втората и третата работилница) 2021 година.