Во рамките на 17-месечниот проект за „Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“, Асоцијацијата НЕЛ од Скопје има потреба од 10 учесници од Македонија, кои ќе учествуваат на финалната конференција што ќе се одржи во Тирана, Албанија од 15-ти до 18-ти септември 2014.
Финалната конференција ќе ги собере заедно сите партнери на проектот кои во текот на изминатата година работеа на реализирањето на предвидените активности, со цел да се погледнат, споделат и оценат резултатите од целиот проект.
Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање, како партнер од Македонија, во рамките на проектот организираше два еднодневни семинари за средношколци, активисти и професионалци; спроведе анкета за перцепцијата на македонските граѓани за поимот граѓанство и граѓанската улога во демократскиот живот во Македонија; и организираше и беше домаќин на регионален состанок во Скопје за активно европско граѓанство.
На финалната конференција, која е подржана од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија, ќе земат учество 56 учесници од партнерските организации од Македонија, Албанија, Србија, Полска, Германија и Велика Британија.
Учеството на конференцијата е отворено за сите заинтересирани кои имаат наполнето 18 години, при што сместувањето и храната ќе бидат целосно покриени од организаторите, како и 70% од патните трошоци.
Услов за учество е солидно познавање на англискиот јазик, бидејќи тој е работен јазик за време на конференцијата.
Повеќе информации за целиот проект може да се најдат на веб сајтот www.active-citizens.org.
Доколку сте заинтересирани да земете учество на конференцијата, испратете пополнет апликационен формулар со назнака „Конференција во Тирана“ на contact@pel.mk.
Pingback: 7 activities, 6 partners, 1 succesful project on Active European Citizenship