Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, искуства и пријателства, тогаш не пропуштајте ја оваа одлична можност да волонтирате 1 месец во Пениш, Португалија.
Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање има потреба од еден волонтер, кој во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) ќе помине 1 месец во туристички град на брегот на Атланскиот океан.
Трошоците за сместување, храна, повратната карта до Пениш, локалниот превоз, здравственото осигурување, како и џепарлак за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите. Покрај ова на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство и новите вештини и знаења со кои сте се стекнале.
Волонтерот во периодот од 1-ви јули до 31-ви јули 2019 ќе работи заедно со социјални работници и аниматори во Центар за деца од 5 до 12 години.
Услов за учество е волонтерот да може да комуницира на англиски јазик и да има желба да работи со деца.
Во продолжение прочитајте повеќе информации за проектот, и доколку имате дополнителни прашања, испратете мејл на evs@pel.mk со назнака „ЕВС во Португалија“. Заинтересираните за волонтирањето треба да испратат Биографија на англиски јазик и мотивационо писмо најдоцна до 21-ти јуни.
The project will be implemented and developed in Peniche, Portugal, and the volunteers will assist in taking care of children in the scope of a free time activities center, which is integrated in in a neighborhood in the city. In this space, there are 20 children/youngsters everyday involved in the activities of the center. The volunteers will also be challenged to suggest and put their own ideas into practice as well as to be responsible for certain tasks according to their competences and to what is decided in the team meetings.
The activities will have the objectives of improving, developing and boosting the activities for the target group and lead it to learn, through the non formal education methodologies, the topics of the activities that are connected with music, dance, plastic arts, etc.