Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, искуства и пријателства, тогаш не пропуштајте ја можностa да волонтирате во Италија.
Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање НЕЛ – Скопје има потреба од волонтери, кои во рамките на European Solidarity Corps (ESC) на програмата Еразмус+ на Европската Комисија ќе поминат 7 или 8 месеци во Валдањо, Италија.
Волонтирањето, во зависност од избраниот проект, ќе започне на 1ви јули 2024 година или на 1ви септември 2024. Волонтерите ќе имаат различни едукативни, социјални и креативни задолженија.
Трошоците за сместување, храната, повратната карта до Италија, локалниот превоз, здравственото осигурување, како и џепарлакот за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите. Покрај ова, ќе имате можност за бесплатен јазичен курс по италијански јазик, а на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство на европско ниво.
Услов за учество на ESC проектот е да имате наполнето 18 години и да имате желба и мотивација да работите со деца и младинци.
Подолу прочитајте повеќе информации за отворените ESC проект, и доколку имате дополнителни прашања, испратете мејл на evs@pel.mk со назнака „ESC во Италија“. Заинтересираните кандидати за волонтирањето ќе треба да аплицираат на линковите во прилог
Проект 1: Let’s ESC! – пријавувањето е до 19.05 на следниов линк.
Проект 2: ESC V.I.P. – пријавувањето е до 31.05 на следниов линк.