Доколку сте на возраст од 18 до 30 години и имате желба да стекнете нови знаења, вештини, искуства и пријателства, тогаш пријавете се да волонтирате 10 месеци во Варшава, Полска.
Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање – НЕЛ објавува отворен повик за 10 волонтери, кои во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС), почнувајќи од септември 2015-та, ќе волонтираат 10 месеци во Фондацијата Роберт Шуман и центри за лица со посебни потреби.
ЕВС проектот и волонтерските места ќе се фокусираат на социјална грижа и посебна едукација на деца, како и работа со лица со посебни потреби.
[symple_toggle title=”2 волонтери во Специјализирана градинка за деца со оштетен вид во Варшава” state=”closed”] Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/58001179091_en [/symple_toggle]
[symple_toggle title=”3 волонтери во Специјализирана градинка за деца во Варшава” state=”closed”] Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/945041610_en [/symple_toggle]
[symple_toggle title=”3 волонтери во Специјализирана градинка за деца во Варшава” state=”closed”] Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/944083541_en [/symple_toggle]
[symple_toggle title=”2 волонтери во Организација за грижа на слепи лица во Ласки (близу Варшава)” state=”closed”] Времетраење на волонтирањето: 10 месеци
Дата на започнување на волонтирањето: Септември 2015
Повеќе информации за местото на волонтирање:
http://europa.eu/youth/vp/organisation/58001612395_en [/symple_toggle]
Трошоците за сместување, храна, повратната карта до Варшава, локалниот превоз, здравствено осигурување, како и џепарлак за време на престојот се целосно покриени од страна на организаторите преку програмата Еразмус+ на Европската Комисија. Покрај ова, ќе имате можност за бесплатен курс по полски јазик, а на крајот од проектот ќе добиете Youthpass, сертификат кој ќе го потврди вашето волонтерско искуство и новите вештини и знаења со кои сте се стекнале.
Услов за учество е волонтерот да има силна желба да земе активно учество за време на целото времетраење на ЕВС проектот, да биде способен да комуницира на англиски јазик и да има желба да го научи полскиот јазик. Предност ќе имаат оние лица кои веќе имаат некое основно познавање на полскиот јазик.
! Напоменуваме дека не е потребно претходно волонтерско искуство или работа со лица со посебни потреби.
Краток опис за местата за волонтирање и очекуваната работа за време на проектот, можете да најдете ОВДЕ.
Доколку сте заинтересирани да земете учество во овој ЕВС проект, тогаш испратете пополнет апликационен формулар на info.evs@schuman.pl со назнака „APPLICATION 2015 – from Association PEL“, најдоцна до 6-ти јануари 2015.
АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР
При испраќањето на апликациониот формулар, доколку сакате можете дополнително да испратите и други документи, лични презентации, видеа, фотографии или мотивационо писмо.
Апликациониот формулар, дополнителните документи и комуникацијата со полската организација мора да бидат на англиски јазик.
Pingback: Асоцијација НЕЛ во 2014-та година - Association for Progress, Education and Lobbying
Pingback: Активностите на Асоцијација НЕЛ во 2014