Во рамките на младинската размена за родови односи која ја организиравме во Крушево од 22-ри до 29-ти април 2014, беа направени фотосесија и промотивно видео кои испраќаат порака против родовото и домашно насилство и ја промовираат родовата еднаквост.
Младинската размена беше организирана во рамките на програмата „Млади во Акција“ (Youth in Action) на Европската Комисија, при што земаа учество 36 млади луѓе од Македонија, Албанија, Србија, Турција, Романија, Италија и Естонија, кои во текот на проектот заедно учеа, разговараа, споделуваа знаења, искуства и идеи на теми поврзани со родовите, а притоа промовирајќи ја родовата еднаквост.
За одличнита шминка и фотографиите на учесниците се погрижија девојките од Make Me Up By SIA.
Повеќе за целите и активностите на младинската размена може да најдете на блогот http://fashioned4equilibrium.wordpress.com/, направен од страна на учесниците на проектот.
Во прилог, погледнете ги фотографиите од фотосесијата и видеото направено за време на истата.
Pingback: Активностите на Асоцијација НЕЛ во 2014