ГРАЃАНИ И АКТИВИСТИ ЗА АКТИВНИ ДЕМОКРАТСКИ ПРОМЕНИ

Асоцијација НЕЛ, викендов, во Скопје, организираше меѓународна работилница за активни демократски промени во ЕУ.

Работилницата имаше за цел да ги охрабри граѓаните да ги разберат ЕУ полисите како на пример Агенда 2020. Беше дискутирано за ЕУ скептицизмот (причините и алтернативите), иднината на Европа, беа креирани предлози за како да се зголеми граѓанското учество, како да се даде поголем глас на граѓаните, да се иницира интеркултурен дијалог и дијалог помеѓу учесниците.

На работилницата зедоа учество 28 граѓани, претставници и активисти од различни невладини организации, како и младински работници.

Учесниците на работилницата имаа можност да дискутираат и да се здобијат со повеќе знаење за политиката на ЕУ и активното учество на возрасните и младите во поттикнувањето на чувство за граѓанство меѓу локалното население.

Проектот “Aктивни демократки промени во општеството на Европска Унија“ е заедничка активност на 4 организации од Шпанија, Велика Британија, Естонија и Македонија. Проектот е финансиран од програмата „Europe for Citizens“ (Европа за граѓаните) на Европската Комисија, трае 17 месеци и се состои од повеќе активности кои ќе бидат реализирани во Македонија, Естонија, Велика Британија и Шпанија.