Милана Пешиќ беше еден од двата волонтера кои во рамките на Европскиот волонтерски сервис (ЕВС) на програмата Еразмус+ на Европската Комисија поминаа 12 месеци во Сплит, Хрватска во здружението Сонце.
За време на нејзиното волонтирање таа успеа да го открие својот талент што се темели на спојот меѓу уметноста и природата.
Милана вели дека преку соработката на активностите од програмата Зелена Далмација имала можност да се запознае со еколошкиот интериер, научила како креативно да реставрира стар мебел за тој истиот повторно да добие „душа“, и исто така ги советувала изнајмувачите на Зелена Далмација како еколошки да го декорираат својот интериер. Во еколошките апартмани секој детаљ си раскажува своја приказна, а иновативните декорации и реставрираниот мебел се оние работи што им ја даваат автентичноста. За да се инспирираат изнајмувачите треба да се почне од себе. Затоа во просториите на здружението креативно го реставрирала мебелот според принципот use-reuse-recycle, a истиот принцип го применува преку работилниците во градинките, каде ги учи децата како да изградат сопствени еколошко-прифатливи декорации и играчки.
Милана исто така била и асистентка на зелените излети за деца што здружението Сонце ги организира на помалку познати туристички локации. Таа вели дека за неа било интересно да ги гледа денешните деца, односно т.н. indoor generation која воопшто не е поврзана со природата, и на која технологијата и` е единствената смисла за живот. Исто така вели дека децата не знаат ни да одат по трева, па затоа смета дека зелените излети им биле од голема корист за да им се приближи природата и здравиот начин на живот.
Слободното време го посветила на читање мандала. Мандалото е еден од најстарите и универзални симболи што му е познат на човекот. На санскрит значи „круг“, и можеме да го најдеме насекаде, од палеолитските гравури, до средновековните алхемии и тибетанскиот будизам. Денес често се користи за одредување на чувствата и работа на личноста во целост.
Бидејќи ја инспирира спојот на уметноста, психологијата и природата, развила и своја програма наречена арт терапија во природа. Таа вели дека својата идна кариера ја гледа токму во тој правец, па затоа ЕВС програмата и` овозможила да добие што повеќе знаење и искуства за да може самостојно да води таков вид работилници и да им помага на учесниците да ги запознаат своите емоции во комбинација со уметноста.
Милана го сака сплитското сонце и море, особено во лето кога можела да се бања секој ден. Единствено што за неа претставувало културен шок е „затвореноста“ на Далматинците. Таа вели дека во Скопје социјалние кругови се многу поотворени, лесно е да се поврзеш со локалната заедница и да создадеш пријателства.
Во продолжение можете да ги погледнете видеата поврзани со нејзиното ЕВС искуство: