На 6-ти октомври 2018 година, Асоцијација НЕЛ – Скопје одржа локална работилница на тема „Интеркултурен дијалог и учење“ во рамките на проектот “Swapping Cultures-Erasing Borders”, кој е финансиран од Regional Youth Cooperation Office.
На работилницата учествуваа 30 учесници на возраст од 16-20 години. За време на работилницата со помош на методи од неформално образование имаа можност да слушнат и научат повеќе за интеркултурниот дијалог и учење, да ја согледаат важноста на интеркултурниот дијалог, како и да споделат свои искуства и мислења. Исто така, во рамките на настанот, добија можност да ја покажат својата креативност со изработка на постери на истата тема.
Воедно се запознаа и со проектот, сегашните и идните фази, како и со РАЈКО и нивните можности за учество на понатамошните активности и проекти.
On 6th October 2018, Association PEL – Skopje held a local workshop on “Intercultural dialog and learning” within the project “Swapping Cultures-Erasing Borders” financed by Regional Youth Cooperation Office.
For this purpose we gathered 30 young people aged from 16-20 years who had the chance to hear and learn more about the intercultural dialog by using methods for non-formal education. They also had the chance to share their knowledge and experiences on the topic and to show their creativity by making posters.
In the same time, they had the opportunity to hear more about RYCO, the project itself, the future activities within it and their possibilities to take part in them.