ПРАШАЛНИК ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

Во рамките на проектот “Активни демократски промени во општеството на ЕУ“, подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија, Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање од Скопје подготви прашалник за Европската Унија.

Општата цел на проектот е зајакнување на европското граѓанство и подобрување на граѓанското учество. Проектот ќе иницира охрабрување на демократско учество, граѓанско разбирање на политиката на ЕУ и социјално-меѓународно вклучување.

Специфични цели:

– да се покажат придобивките од ЕУ за обичните граѓани (економија, услуги, образование, благосостојба)
– истражување за феноменот еуроскептицизам и дебата за потеклото, причините, видовите и ефектот на истото
– да се изнајдат начини за поголемо учество во демократијата во Европа (на локално ниво во ЕУ)
– да се поттикне интеркултурниот дијалог за како граѓаните од различни земји од ЕУ да го разберат и учествуваат во демократскиот живот
– размена на мислења  за иднината на ЕУ од различни групи (еуроскептични, фанови на ЕУ, индиферентни, непрезентирани).
– да се дадат предлози на граѓанско ниво за поголема демократија во ЕУ.

Акцијата ја спроведуваат 4 невладини организации од 3 земји членки на ЕУ (Шпанија, Естонија и Обединетото Кралство), и 1 од партнерскиот регион (Македонија).
Во текот на 12 месеци проектите настани ќе вклучат 200 учесници и многу локални активности кои ќе придонесат до надминување на “дефицитот на знаење” и да се добие подобро разбирање за ЕУ ​​како неопходната основа за граѓанско поактивно вклучување во креирањето на иднината на Европа.

Прашалникот е анонимен и цели кон истражување на граѓанската перцепцијата на поимот Европска Унија и граѓанската улога во демократскиот живот во Европа.

Ви благодариме за соработката,

Асоцијација НЕЛ

ПРАШАЛНИК