Во рамките на 14-месечниот проект за „Aктивни демократски промени во општеството на ЕУ“, Асоцијацијата НЕЛ од Скопје има потреба од 1 учесник/чка од Македонија, кој/ја ќе учествува на втората работилница што ќе се одржи во Бирмингам, Велика Британија од 12-ти до 15-ти март 2018.
Работилницата има цел да го истражи значењето на еуроскептицизмот и неговите подтипови, да дискутира за културата и нејзината релација со демократијата, да ја дебатира улогата на Европска Унија во превенирање на копуцијата и нејзината поддршка за транспарентност во демократијата.
На работилницата, која е подржана од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија, ќе земат учество 28 учесници од партнерските организации од Македонија, Шпанија, Естонија и Велика Британија.
Учеството на работилницата е отворено за сите заинтересирани кои имаат наполнето 18 години, при што сместувањето и храната ќе бидат целосно покриени од организаторите, како и 100% од патните трошоци (лимит за патни трошоци е 360 евра).
Услов за учество е солидно познавање на англискиот јазик, бидејќи тој е работен јазик за време на работилницата и поседување на важечка британска виза или пасош/лична карта со кој/а може без виза да се влезе во Велика Британија.
Доколку сте заинтересирани да земете учество на работилницата, испратете aпликационен формулар со назнака „Работилница во Бирмингам“ на contact@pel.mk најдоцна до 3-ти март.
АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР