Повик за учесници на работилница во Естонија

Во рамките на 14-месечниот проект за „Aктивни демократски промени во општеството на ЕУ“, Асоцијацијата НЕЛ од Скопје има потреба од 2 учесника од Македонија, кои ќе учествуваат на првата работилница што ќе се одржи во Парну, Естонија од 30-ти ноември до 3-ти декември 2017.

Работилницата има цел да го истажи значењето на еуроскептицизмот и неговите подтипови, да дискутира за културата и нејзината релација со демократијата, да ја дебатира улогата на Европска Унија во превенирање на копуцијата и нејзината поддршка за транспарентност во демократијата.

На работилницата, која е подржана од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија, ќе земат учество 28 учесници од партнерските организации од Македонија, Шпанија, Естонија и Велика Британија.

Учеството на работилницата е отворено за сите заинтересирани кои имаат наполнето 18 години, при што сместувањето и храната ќе бидат целосно покриени од организаторите, како и 100% од патните трошоци (лимит за патни трошоци е 270 евра).

Услов за учество е солидно познавање на англискиот јазик, бидејќи тој е работен јазик за време на работилницата.

Доколку сте заинтересирани да земете учество на работилницата, испратете пликационен формулар со назнака „Работилница во Парну“ на contact@pel.mk најдоцна до 15-ти ноември.

АПЛИКАЦИОНЕН ФОРМУЛАР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *