Во периодот од 22-ри до 29-ти април 2014, Асоцијација НЕЛ организираше младинската размена за родови односи „Fashioned 4 Equilibrium: Empower Women for the Future“, која се одржа во Крушево.
На младинската размена земаа учество 36 млади луѓе од Македонија, Албанија, Србија, Турција, Романија, Италија и Естонија кои во текот на проектот заедно учеа, разговараа, споделуваа знаења, искуства и идеи на теми поврзани со родовите, притоа промовирајќи родова еднаквост.
Во рамките на младинската размена, учесниците организираа кампања која беше насочени против родовото и домашното насилство, како и кон промоција на родовата еднаквост.
Кампањата се состоеше од повеќе активности:
– фотосесија која го прикажува родовото и домашното насилство;
– изработка на креативни подароци за локалното население кои носеа порака за родова еднаквост;
– прашалник кој го испитуваше мислењето на граѓаните на Крушево за родовата еднаквост;
– онлајн промоција на проектот, неговите цели и активности преку социјалните мрежи.
Повеќе за младинската размена може да дознаете на блогот http://fashioned4equilibrium.wordpress.com/ направен од страна на учесниците.
Проектот е финансиран од програмата „Youth in Action“ (Млади во Акција) на Европската Комисија.
Pingback: Кажи НЕ на родовото насилство!