Асоцијација НЕЛ има потреба од 15 учесници од Македонија, на возраст над 18 години, за учество на регионален состанок за активно европско граѓанство, кој ќе се одржи во хотелот „Порта“, во Скопје од 16-ти до 17-ти април 2014.
Регионалниот состанок е продолжение на проектот “Aктивно европско граѓанство за демократија и учество: Поврзување на ЕУ и Западен Балкан“, кој е подржан од програмата “Европа за граѓаните” (Europe for citizens) на Европската Комисија.
На состанокот ќе земат учество 25 учесници од Македонија, Албанија и Србија кои за време на дводневната програма ќе ги истражуваат темите на граѓанско образование и европските политики за Европско граѓанство.
Регионалниот состанок ќе помогне да се развијат практични совети за како да се поттикне граѓанскиот ангажман и активно учество на граѓаните на локално и европско ниво, но и да даде повратни информации за влијанието на политиките на ЕУ врз активното граѓанство.
Доколку сте заинтересирани да земете учество на регионалниот состанок, испратете пополнета апликација на contact@pel.mk.
Учесниците на регионалниот состанок мора да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.
>>> ПРЕВЗЕМИ АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО <<<
Pingback: Повик за учесници за конференција за активно европско граѓанство
Pingback: 7 activities, 6 partners, 1 succesful project on Active European Citizenship